Една средба со поетот Ацо Шопов*

Mosaico Ina Ferrara

Најтешко, а и најодговорното од гледна точка на поетска етика, е да се најде вистински израз за оние содржини и идеи кои поетот сака на свој и неповторлив начин да ни ги соопшти. Ако во тоа не успее, зборот се претвора во лага – песната се исчашува и излегува од своите глуждови.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

_____________________________
* Овој разговор го водела Тамара Арсовска на програмата на Радио-Скопје, во школската емисија посветена на поезијата на А. Шопов, на 24.04.1968 година. Подоцна е објавен под наслов „Една средба со поетот Ацо Шопов” во Дело 74IX, 5-6, Штип, 1982, стр. 325-330, во книгата Блиски средби, Скопје, 1992 и во Пулс, под наслов „Поетските светови на Ацо Шопов”, на 17.12.1993, стр. 37. Истата година, на 21 декември, дел од разговорот е објавен на насловната страница на детскиот весник Колибри. Според постоечките библиографии, објавен е и во Беседа, 1972, 1, стр. 3-14, под наслов „Еден поглед врз поезијата на Ацо Шопов”, но годината е погрешна.  Во 1995 година, разговорот е објавен во книгата Волшебници на зборот, Мисла, стр.40-46.

Во Фондот Ацо Шопов, во Архивот МАНУ, во единицата АШ К3 АЕ71, се наоѓаат автографи и машинописи (9 л.) со одговорите на Шопов. Единицата АШ К4 АЕ142 го содржи комплетното сценарио (11 л.) на интервјуто.

Други разговори и статии на Ацо Шопов