This post is also available in: Serbian

Ацо Шопов: Песната е свест за постојано менливата стварност*

Поезијата не е ни етика ни филозофија. Филозофските категории, чија предоминација станува сè поочигледна, го добиваат своето вистинско значење доколку се и ако се отелотворени во естетското битие на песната. Во моите понови песни, сетилното и спиритуалното навистина се наоѓаат во строга каузална врска, но на тој начин што (барем така мислам) сетилното често се „раствора“ во спиритуални апстракции, а спиритуалното се „конкретизира“ во сетилни доживувања.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

__________________
* Извадок од разговорот со Миодраг Друговац објавен во Књижевне новине, Белград, 15.08.1970, стр. 12.

Други разговори и статии на Ацо Шопов