This post is also available in: Serbian Slovenian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Љубов на езерото на животот*

Поетот, ако сака да остане поет, како Антеј мора да се навраќа на „езерото на животот“, од него да се освежи, да смогне нови сили за своите идни поетски летови. Тој не смее да се откине навеки од својата родна почва ако сака поетски да го запознава и открива светот.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

_____________
* Разговорот го водела Гордана Михајлова-Бошњакоска. Објавен на српскохрватски под наслов Ljubav na jezeru života, Odjek, год. ХХIХ, br. 21, Sarajevo, 1-15.11.1976, str. 7-8. Машинописот со одговорите на прашањата на македонски се наоѓа во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ, АШ К3 АЕ76. Прашањето „Вие ѝ припаѓате на македонската литература уште од првите повоени денови…” и неговиот одговор не фигурираат во машинописот. Тој дел од интервјуто е преведен од српскохрватски на македонски за потребите на Лирскиот дом.

Други разговори и статии на Ацо Шопов