Ацо Шопов: Некои „критичари“ место естетски анализи на делото даваат политички карактеристики на авторот*

Фрагменти од дискусијата на Шопов на Седмото собрание на Друштвото на писателите на Македонија објавени во Разгледи во 1953 година.

Мислам дека е добро што се постави прашањето нашата издавачка дејност, за односите меѓу издавачот и авторите. Беше крајно време на ова прашање да му се посвети нужното внимание и да се изнесе со сета острина пред нашата културна јавност и општественост.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.


_________________
* Текстот е објавен во Разгледи, бр. 13, од 1953 година,  стр. 50. Во тоа време, Разгледи излегува како подлисток на Нова Македонија. Написот е објавен на 23.04.1953. Станува збор извадоци од дискусијата на Ацо Шопов на Седмото собрание на Друштвото на писателите на Македонија. Првиот дел се однесува на издавачката дејност која Шопов ја разработува во неколку написи, од моментот кога ја основа издавачката куќа „Кочо Рацин“ во 1951 година, па сè до крајот на неговата кариера како издавач во 1970 година. Вториот дел, посветен на „интимната лирика“ е еден од првите текстови кои се вбројуваат во јавната полемика помеѓу таканаречените реалисти и таканаречените модернисти, а која се распламтува по објавувањето на Стихови за маката и радоста, збирка на Ацо Шопов објавена во 1952 година.

Други разговори и статии на Ацо Шопов