Ацо Шопов: Издавачката дејност од еден друг агол*

Заостануваме, не одиме во чекор со потребите на нашето време, не му се оддолжуваме на светот соодветно на неговиот интерес за нас, а со тоа ѝ нанесуваме неразумна штета на нашата култура. Не можат да нè оправдат ни петвековното ропство, ни кадровските, ни материјалните изговори кои реално постојат, но зад кои ние ја засолнуваме нашата провинциска препотентност и пренагласено спокојство.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

_____________
* Препис на автограф и машинопис во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ95. 

Други разговори и статии на Ацо Шопов

____________________________

Според еден исечок од весник кој се наоѓа во архивскaта граѓа на Фондацијата Ацо Шопов-Поезија (кој не ги содржи насловот на медиумот и датумот на објавувањето, но според типографските карактеристики, очигледно се работи за дневникот Вечер), може да се заклучи дека овој текст е излагање на Шопов на јавна дискусија на тема издавачка дејност во Македонија. Во воведот пишува: „Деновиве [најверојатно на почетокот на 1970 година], во организација на Културно-просветната заедница на Македонија беше одржана трибина посветена на книгата кај нас и издавачката дејност воопшто. Во работата заедоа учество писатели, претставници од книгоиздателствата, културни работници и други. Трибината, се чини, се наложи како потреба во овој миг за да се изнесат, низ дискусија и доставени писмени објаснувања, сите проблеми што денес стојат во нашата издавачка дејност, за популаризирањето на пишаниот збор, неговото преведување од други јазици на македонски, со еден збор, сакаше да даде пресек на моментната положба во нашата книгоиздавачка  дејност“. Во продолжение, весникот објавува „дел од дискусиите кои до трибината беа испратени како претходен материјал – мислења што ќе иницираат дискусија“, меѓу кои, на прво место, неколку фрагменти од овој текст.

Делот од текстот ограден со три ѕвездички е објавен во Трудбеник, бр. 2, 10.01.1970, стр. 8.