Aцо Шопов: Да формираме младински бригади за борба против неписменоста*

Огромно значење има сузбивањето на неписменоста сред нашите национални малцинства, каде во некој места бројот на неписмените е сто процентен. За тоа особено важна улога ќе одиграат младинските бригади за борба против неписменоста составени од млади Албанци и Турци кои на својот мајчин јазик ќе го описменуат албанското и турското население. Не помала важност ќе имаат и женските младински бригади за борба против неписменоста сред женското население на нашите национални малцинства кое од разни соображенија не ќе може да се описменуе заедно со останалите.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

__________________________________
*Текст на Ацо Шопов објавен во  Млад борец, 07.12.1946, стр.1.

Други разговори и статии на Ацо Шопов