This post is also available in: Serbian

Ацо Шопов: Поезијата, мојата животна страст*

Честопати застанувам и вчудоневидено се прашувам од каде сето тоа, каква е таа волшебна моќ и власт со која таа се наметнува без приговор и ме доведува до состојба на беспомошност. Токму така: беспомошност. Секогаш кога ќе се соочам со потребата за поетско соопштување го чувствувам проклетството на беспомошните маки, како првпат да стојам пред песната која одеднаш делува  толку блиска и моја, а сепак недосеглива, недофатлива, туѓа. И сѐ така, како сето искуство да е залудно, секоја песна ме доведува пред старите и познати, а сепак нови, неслутени, неоткриени тешкотии и дилеми.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр, во македонски превод на Јасмина Шопова.

_________________
* Oдговори на Ацо Шопов на прашања поставени најверојатно за радио-емисија. Материјалот се наоѓа во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ79, авторграф и (сценарио) машинопис. Со оглед на одговорите и изборот на песните, разговорот веројатно датира од 1963 година.

Други разговори и статии на Ацо Шопов