This post is also available in: Serbian

Ацо Шопов: Да се биде член на МАНУ го носи возбудливото чувство на одговорност*

Во деновите на овој историски чин, сега, во овој момент, мене ми останува само возбудливото чувство на одговорноста која ја преземам и за која сакам да зборувам. Со оглед на мојата професија, тоа чувство е врзано за идниот развој на нашата литература, култура и уметнички збор, кој и досега повеќепати ги потврди своите можности, но и поаѓа по патиштата на новите искушенија и на неслутените светови во својот творечки стремеж, со цел да даде што подлабока проекција на човекот во времето во кое живееме.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

_______________
* Изјава на Ацо Шопов по повод неговиот избор за член на МАНУ, на 18 август 1967 год. Ацо Шопов беше најмладиот член оснивач на Академијата. Објавена е во неделникот НИН, бр 868, Белград, 27.08.1967, стр. 10, во склоп на поширока статија под наслов „Чекор напред во афирмацијата на македонската нација”. Весникот се наоѓа во Фондот Ацо Шопов во Архивон на МАНУ, Кутија 7.

Други разговори и статии на Ацо Шопов