Ацо Шопов: Културните сили во стегите на аристократизмот и примитивизмот*

Кога се разгледува проблемот за односот на културните сили кон процесите на демократизацијата на културата се забележуваат повеќе спротивни ставови, но сите тие главно можат да се групираат околу два основни става: аристократизам и примитивизам.

Аристократскиот став ја одречува можноста културата со своите вистински достигања да стане достапна на сите луѓе како нивен интерес и нивна духовна потреба. (…)

Вториот став може да се објасни како спротивна, односно друга страна на првиот. Во него се содржани сите медиокритетски, псевдодемократски сфаќања за културата. Неговиот резон се состои во „објаснувањето” дека духовните потреби на луѓето не се еднакви, па поради тоа можат да се задоволуваат на секаков начин. Де потсетиме само на „теоријата за стомаците”, според која едните бараат високо квалитетни млечни производи а на другите им е достатна и обична урда.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.
______________________
* Машинопис од Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ108. Насловот е од редакцијата на Лирскиот дом на Ацо Шопов. Оригиналниот наслов на текстот е: „Односот на културните сили кон процесите на демократизацијата на културата”. Во инвентарот на Фондот, оваа архивска единица е опишана како „дискусија на седница на ЦК СКМ (?)”

Други разговори и статии на Ацо Шопов