Вознемирувачот*

Пајо Авировиќ, македонски писател

Ви се наоѓа ли тука, попатно, во правот – Очи
Песната Очи, од Шопов
Ацо Шопов, простете што вознемирувам

Во таа песна, во Oчи, простете што вознемирувам
Има една ранета другарка
И грст другари има, простете што вознемирувам,
Што три дена на раце ја носеа збрана
Со тага и болка во погледот срчен
И бдееја врз пламенот во нејзините Очи
И еден поет има, да сведочи

А тие и тогаш беа малку
Сал неколку души
Но да не беа, не ќе бевме ни ние, простете што вознемирувам
А што ако сме кога не нема – без Очи
Секој стоти со по едно око саде, како кај Самуила
И постојано се губиме и вртиме во круг, простете што вознемирувам
И затоа, јас барам Очи
Да се опулиме одново
Да пламнеме повторно
Да нè има,, простете што вознемирувам

П.С.
Знам, многу сте зафатени со копањето
Моето почитување, тешко се копа по горештиниве
И од срце ви посакувам да најдете сè што барате
Но внимавајте да не ископате очи
Песната Очи, од Ацо Шопов
Простете што што вознемирувам…

* Пајо Авировиќ, Б&Б, Скопје, Чудна шума, 2020