Јесенице

Јесенице,
Јесенице,
челик – срце,
пламен – лице!

Еј ти Саво, еј Долинко,
весница се пролет јави,
Ко долина блага денес
ти ја мој’та душа плавиш!

Да ли извор – сини очи,
или ветер што те гони,
шепотења да ли нежни
на брегови што ги рониш,
да ли, реко, кога минеш
низ градови и низ села –
за нивните збориш дела?

Еј, Долинко, брза водо –
ко крв млада што се пени,
на бранови – галебови
ти ги денес сите крени!
Во висини сонце само
врсник рамен да им биде
да ги видат,
чуат, реко, –
на далеку,
на далеку!

За корави раце кажи,
разиграни како сокол,
и радоста неискрена
в работничко светло око,
и како се в оган јаглен
што челично срце пали –
човек кали!

За љубовта нивна кажи
што предели не ја спират, –
пролетерска верност гласи
со победи што се шират,

и в болката тврда како
нараснуват сили млади –
да се гради,
да се гради!

***

Јесенице,
Јесенице,
челик – срце,
пламен – лице!

Клеветите што се диви
спрема твоите очи живи
и младоста разлистена
под јаблани што се вие?!

Иднината наша светла
в железара што се лие –
не ќе можат да ја скријат,
не ќе можат да ја свијат
границите, што ни срца
со телени делат жици,
Јесенице,
Јесенице!
Работници,
за вас
пеам,
леам
стихој
челик – птици,
и ги греам
топло в гради
сите,
сите
в Јесенице!

Ацо ШоповСо наши раце, 1950