This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Светулки

Заспи ми, Сибинчо … тежок е патот,
заспи ми в приспивен збор.
Виде ли? … Помина светулки јато
в нашиот осамен двор.

Светулки минаа негде кон север,
жмиркаво трепнаа в сјај.
Разбираш Сибинчо… сираче … левен –
пусто е в нашиот крај.

Вечерва одиме в корија сами,
вечерва … бегаме в мрак.
Заспи ми в скутови, заспи ми, мамин,
одморен да си ми пак.

А кога нарасне патем колона
и стивне задниот бој,
знај, оти татко ти не ќе е со нас,
в Костурско загина тој.

Мислевме двајцата некако просто,
чекавме пролетен ден,
а сега, малечок, сѐ ми е доста –
нели сме туѓински плен?

Заспи ми, Сибинчо … тежок е патот,
в нов сончев одиме свет.
Светулки минаа, светулки јато,
помни го нивниот лет!

Ацо ШоповНа Грамос, 1950