Минерот

Над орлови гнезда
прелетуат ѕвезди,
и светулка в лисје месечево иње,
компресори грмат, –
в рев планина дрмат,
крај тунелот брза неспокојна Тиња.

Сред светлина дремна
во утроба земна
младинецот – минер чук – завиткал – раце,
во борби се славел,
со карпи се здавел,
под ударот прскат в гнев молњеви зраци.

Не сеќава жега
што пари и стега,
не памети смена да стигнала друга,
сал пластови срива
и напред се впива,
и секој час расне Младинската пруга.

Под негова пила
в куп земја се збила,
со вжарено срце растопуе камен,
и победи брои
се врсници свои, –
црвенее в ноќта расцутено знаме.
Над секоа гора
ќе огрее зора
штом солнчева младост за подвиг се фати,
ќе зашуми небо,
ќе нарасне шебој,
и темната полноќ ко ден се злати
Ко ден ќе се злати!

Ацо Шопов, Пруга на младоста, 1946