This post is also available in: Russian

Mака

Како да ја одгатнам радоста на патникот?
Радостта е земја, а зборот – понорница.
Се плашам да не би да ме потплисне неусетно
како бледа скокотлива морница.
Зар знае изворорот зошто брза далгата
од гладниот повик на делтата замаена,
зар знае каменот што смислува рибата
во длабина под него притаена?
Зар го слути лозата сонот на гроздовите –
тие пални бранувања црвени?
Зар знам да раскажам што ме мами патникот
на патишта далечни, неврвени?

Ацо ШоповВетрот носи убаво време, 1957