This post is also available in: French Spanish Russian Slovenian Albanian Bulgarian

Го барам својот глас

Го барам својот глас во молкот див на морето,
оно се скаменува.
Во жолтата пустина на есента го барам,
она зазеленува.
Моите раце не се мои раце
(моите раце се прсти на месечината).
Моите очи не се мои очи
(моите очи, очи за далечината).
Мојот збор е тврда вилица на времето
што ‘рти по нивјето со заби на семето.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955

Disque simultané, од Роберт Делоне

„Извонредна творечка сконцентрисаност  […] моќ на еден внатрешен интензитет […] моќ на лирска згуснатост и синтезираност […] суптилни, па и церебрални експресии и опсервации. – Димитар Митрев, во „Поезија на трајни вредности

„Во песната ‘Го барам својот глас’, среќаваме една декомпонирана поетска мисла што нè оневозможува песната да ја почуствуваме како каква било завршена целост” – Милан Ѓурчинов, во „Поезија зад стаклениот ѕид”.