Некој пее на сет глас,
некој кротко, тихо пее –
и кога е бурен час
и тих ветер кога вее.

Јас би сакал отклик див
на бурите да им станам,
‘и да бидам нежен здив
на нежната зора рана.

Ацо ШоповСтихови за маката и радоста, 1952. Воведна песна во збирката, без наслов.