Ацо Шопов: За некои состојби во Друштвото на писателите на Македонија, 1965

Како една од најатрактивните активности на ДПМ, Струшките вечери на поезијата имаат повеќе амбиции отколку можности да ги реализираат. Доколку се одржуваат како меѓународна поетска средба, не претпоставува ли тоа и еден меѓународен орган кој ќе биде надлежен да ги организира и да ја одредува нивната физиономија?

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.
___________________
* Препис на машинопис од Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ, АШ К3 АЕ111.
Насловите и поднасловите се од редакцијата Лирскиот дом наАцо Шопов. Оригиналниот наслов на документот е ”Тези за активноста на Друштвото на писателите на Македонија”. Документот не е датиран, но бидејќи во него се споменуваат состојбите по VIII Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија (7-13 декември 1964), како и инциндентот  со бугарскиот поет Георги Џагаров на Струшките вечери во 1965 година, кога првпат учествуваат поети од странство, со сигурност може да се тврди дека овој текст е напишан од септември до декември 1965 година.

Неколку месеци пред поетскиот фестивал во Струга, во текот на прославата да 20-годишнината од ослободувањето, во Словенскиот семинар на универзитетот во Берлин, словенечкиот писател Бранко Крафт, во име на југословенските писатели упатил протест поради тоа што бугарскиот писател Љубен Стојанов им рекол на студентите дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот (Cf. Сукоб Савеза књижевника Југославије и Савеза књижевника Бугарске око македонског језика 1966–1987)

Други разговори и статии на Ацо Шопов