This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Поетот треба да ги разбуди зборовите*

Поетот е во песната како во студена пештера, како во непрегледна шума каде што, наместо дрвја, лежат огромни, расфрлани и скаменети зборови. Тој е оној што треба да ги спаси од смртта, да ги разбуди од скаменетиот сон, да ја оживее шумата, за да почне дрвјето да оди.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

________________
* Текстот е објавен во Књижевне новине, Београд, 1 март 1969, бр. 348, стр. 9.
На истата страница се наоѓа и песната „Грозомор” во препев на Сретен Перовиќ, како и написите „Отворена песна”, од Александар Ристовиќ, „Кон прабитието на песната”, од Миодраг Друговац и „Симбол на нашиот свет”, од Миланка Илиќ, студентка по стоматолигија.

Оригиналниoт машинопис се наоѓа во Фондот Ацо Шопов во Архивот МАНУ: АШ К3 АЕ92   

Други разговори и статии на Ацо Шопов