Третата зимска школа на МСМЈЛК – во чест на Ацо Шопов

Со Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), на која ќе учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави, започнува чествувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Школата се одржува виртуелно, од 23 до 28 јануари 2023.

Во текот на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, која се одвива под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, МСМЈЛК при УКИМ предвидува и предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов на 56. Летна школа, како и сесии посветени на поетот во рамките на 50. Меѓународна научна конференција, во Охрид.