This post is also available in: French

Изложба „Патот по кој чекорам“

„Патот по кој чекорам“, е изложба која се состои од шест банери на кои хронолошки се проследува творечкиот пат на Шопов, преку фотографии, репродукции на уметнични дела, исечоци од весници, цитати од него и за него, на македонски, англиски и француски јазик. Автори на изложбата се Дијана Томиќ Радевска (дизајн) и Јасмина Шопова (содржини). 

Изложбата беше претставена на 21 март 2023 година, Светски ден на поезијата, во склоп на одбележувањето на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов во УНЕСКО.