This post is also available in: French German

Ацо Шопов: Златен круг на времето, 1969

Ацо Шопов: Златен круг на времето, Скопје, Мисла, 1969

„Во изборот Златен круг на времето комплетно е претставен Ацо Шопов, што ќе рече дека изборот е во некоја рака пресек на неговото дваесетипетгодишно творештво”, пишува во предговорот на оваа книга, Миодраг Друговац. „Книгата не е компонирана по некој еволутивен или литературно-историски принцип. Тоа може да нè зачуди во прв миг. Навидум е алогичноста на обратниот ред на нештата, или испомешаноста на песните од разни фази, необјаснива и го провоцира читателот на размислување. Ни се чини дека поетот со тоа сакал да го разбие канонот на каква и да е периодизација по принципот на временската (литературно-историска, еволутивна) детерминација на вредностите, истакнувајќи го притоа принципот на естетската вредност како највисок принцип на својот композиционен концепт каков што требало да биде применет во оваа книга.”

Изборот Златен круг на времето содржи една дотогаш необјавена песна:  „Долго доаѓање на огнот”. Тоа е неговата пристапна песна во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на свеченото отворање одржано во големата сала на Собранието на Република Македонија, на 10 октомври 1967 година.

Првото издание на овој избор е со предговор на Миодраг Друговац (“Ацо Шопов или уметник на песната“) а второто, објавено истата година, со предговор на Димитар Митрев (“Ацо Шопов или поезија на трајни вредности“).

Содржина на книгата

Раѓање на зборот
Молитва за еден обичен но уште непронајден збор
Втора молитва на моето тело
Трета молитва на моето тело
Четврта молитва на моето тело
Петта молитва на моето тело
Шеста молитва на моето тело
Седма молитва на моето тело
Осма молитва на моето тело – или кој ќе ја смисли таа љубов
Деветта молитва на моето тело
Десетта молитва на моето тело
Последна молитва на моето тело
Jас и мојот пријател
Добра ноќ
Кон галебот што кружи над мојата глава
Ветрот носи убаво време 
Лов на езеро
Езеро
Езеро крај манастирот
Ноќ над езерото крај манастирот 
Повлекување на огнот
Ноќта на огнот
Грозомор
Златен круг на времето
Тажачка од онаа страна на животот
Долго живеам на ова место
Лузна
Има долу една крв
Квечерина
Очај пред тврдината
Небиднина
Песната и годините
Долго доаѓање на огнот
Старо купувам
Praeludium
Сосем налик на сите брегови
Љубов
Во секој град
Очи
Песна
Љубовта на огнот
Август