This post is also available in: Hungarian

Aco Šopov: Örök várakozó (Оној вечно што чека), 1964

Примерок со посвета од препејувачот до авторот.

Оној вечно што чека, 1964.. Избор од поезијата на Шопов на унгарски). Foditotta (препев): Fehér Ferenc, Novi Sad, Forum, 1964. 78 str.

Корица на книгата Оној вечно што чека, 1964, на унгарски јазик

„Изборот на песните [во оваа] типографски и ликовно-естетски мошне вкусно реализирана книга е извршен од три стихозбирки [на Ацо Шопов]”, пишува Паскал Гилевски во освртот „Шопов на унгарски јазик”, објавен во 1983 год. Тоа се стихозбирките Слеј се со тишинатаВетрот носи убаво време и Небиднина. „Книгата е озаглавена според стих од една песна, чиј наслов во оригиналот гласи: „Во секој град“. Збирката е поделена на четири циклуси: „Минијатури“, „Молитви на моето тело“, „Купувачи на старо“ и „Песната и годините“.

За оваа прва и единствена збирка на Ацо Шопов на унгарски јазик, Паскал Гилевски пишувал и набргу по нејзиното објавување, во Нова Македонија, на 07.03.1965, забележувајќи дека песните како ,Лов на езеро“, „Здравица“, „Јас и мојот пријател“ и неколку „Молитви на моето тело“  „се препеани со еден висок поетски занес и талент”.  На крајот заклучува: „Имајќи ги предвид одличните страни на препевот и високите квалитети што ги содржи поезијата на Шопов, се очекува дека овој прв препев од македонски на унгарски ќе биде топло примен од унгарските читатели”.

Препевот му го дожиме на Fehér Ferenc. Книгата што ја издал Форум од Нови Сад во 1964 година содржи 78 страници.