This post is also available in: French English Albanian

Ацо Шопов: Пруга на младоста (со Славко Јаневски). Скопје, Главен одбор на Народната младина на Македонија, 1946

Пруга на младоста, 1946

Пруга на младоста, 1946. Пристап кон содржината на книгата

Пругата на младоста е херојско дело − дело достојно за песна, пишува Никола Минчев, прв министер за просвета во Владата на НР Македонија (1945-1948), во предговорот на оваа збирка на двајца младинци што учествувале во градбата на пругата и ја напишале заедно оваа збирка. „Несомнено овие песни ќе бидат само еден дел од она што требе да се напише, наслика и уметнички уобличи за сето ова големо и ново што се раѓа во нашите дни.”

Неговиот истомисленик, Димитар Митрев, ја толкува книгата и од аспект на литературен критичар. „Со излегуењето пред свет на овој зборник, Славко Јаневски и Ацо Шопов се наложуваат како поети кои што одат во чекор со времето во кое што живеат”, вели тој во списанието Нов ден, во 1946 година, и „излегуат од рамките на нашата тесно македонска дејствителност”. Но острото перо на Митрев не се запира на комплименти: „Навистина, тие нивни песни, како уметнички творби, не претставуат некаков нарочен чекор напред”, додава тој (прочитајте повеќе).

За објавувањето на оваа збирка пишува и Јован Бошковски во статијата „Темата на изградбата во нашата литература” (Нов ден, 1949, V, 6-7 , стр. 411): „Втора покрупна творба посветена на изградбата, која што исто така излезе во самиот разгор на градбениот труд на нашите луѓе, е заедничката збирка стихови Пруга на младоста од Славко Јаневски и Ацо Шопов. Надахнати од примерот на илјадниците младинци од сите краишта на нашата татковина ја градеа првата пруга на младоста Брчко-Бановиќи, во тие десетина песни и Славко Јаневски и Ацо Шопов успеа, главно, да најдат правилен акцент за чувствата и расположењата што ги движеа младите градители да извршат таков подвиг, кој што нашата јуначка младина ја издигна во очите на светот на предно место. Ликовите на младинците се предадени топло, нивната љубов кон родната земја звучи искрено. Младинската пруга, која што одушевено ја градеа младите луѓе на нашата земја, одушевено беше опеана и во песните на младите поети.”

Песните во збирката се поделени во два циклуса: „Огнена младост” од Славко Јаневски и „За пругата наша” од Ацо Шопов

Пристап кон содржината на книгата