This post is also available in: Macedonian Russian

Ацо Шопов: Ветер приносит погожие дни (Ветар носи лепо време), составитель А. Романенко, переводчик  Ю. Левитанский, Москва, Прогресс, 1964

1964-Veter-prinosit-pogozie-dni

Translation in progress

Во 1964 год. издавачката куќа «Прогресс» (Москва) издаде избор од поезијата на Ацо Шопов под наслов Ветрот носи убаво време. Автор на изборот и на предговорот е Александар Романенко а преводот на најголемиот број од песните му го должиме на Јури Левитански. Но во препевот беа вклучени и други поети, како Станиславо КунјаевНикита РазговоровВладимир КорчагинВадим Сикорски и Игор Федорин.

Во предговорот, Романенко пишува: „Од збирка до збирка, песните на Шопов стануваат сè помалку спектакуларни, помалку бучни, помалку традиционални, а сè поисполнети со едноставни човечки чувства. Сè поголемо место во нив заземаат прашањата на творечкиот чин. Ова не значи дека тој бега од своето време за да се засолни во природата или да се повлече во себе, бидејќи и по карактер и по поетски темперамент Шопов ни од далеку не е приврзаник на Ларпурлартизмoт (…) Неговите песни привлекуваат со суптилната игра на чувствата и прекрасната мелодиска хармонија. Со широк емоционален дијапазон, тие не се претвораат во обичен регистар на расположенија, и во полна мера ја изразуваат својата лирска оригиналност и поетска свежина (…) Во македонската поезија која многу векови беше откината од општите текови на европската литература и која само во последните две децении доби услови за свој развиток, творештвото на Ацо Шопов открива нов поетски свет, една од основите на она огромно што го неракуваме наша современост.”

Содржината на книгата можете да ја видите на страницата на руски јазик.