Хамлет во македонски препев на Ацо Шопов, Скопје: Кочо Рацин, 1960. 210 стр

Повторни изданија : 1966, 1971, 1981, 2002 различни издавачи.

„На самиот препев работев скоро година, со извесни прекини”, изјавува Ацо Шопов во еден разговор со Ксенија Гавриш. „Се послужив со преводот на Борис Пастернак на руски јазик, издаден во 1947 година. Пастернак го сметаат во светот за еден од најдобрите, најеминентните познавачи и преведувачи на Шекспир. Се разбира, консултирав и други препеви, но овој препев го сметам за најдобар од сите што ми беа при рака, − пред сѐ, по силата и способноста да ја пренесе атмосферата на делото, со најадекватни изрази да го пренесе она што го соопштува авторот.

Она што е важно за еден превод, според мене, е тоа дали е верен на духот на оригиналот, иако разбирливо, не е за потценување фактот на познавањето на јазикот на оригиналот од страна на преведувачот.

Само, може да се случи преведувачот, иако го познава јазикот на кој е напишан оригиналот, да даде лош превод, бидејќи постојат многу компоненти кои решаваат дали преводот ќе биде успешен или неуспешен.

Можеби парадоксално ќе звучи, но за мене тоа е вистина: препевот на поезијата, ако не е потежок акт од пишување на поезијата, е секако рамен на оригиналното поетско творештво, рамносилен е. А тешкотијата е особено во тоа што поетот во своето творештво е слободен во одбирање на средствата за да ја изрази својата идеја, а препевувачот не е слободен”.

Малку подоцна, во истиот весник Шопов ќе изјави: „Кога бев поканет да го преведувам Хамлет, бев свесен за ризикот од овој потфат. Се колебав дали да се зафатам со една толку одговорна задача. И, се разбира, токму тој ризик и беше една од компонентите за она што го остварив” (Нова Македонија, 11.10.1960)

За овој препев Ацо Шопов ја доби Октомвриската награда на СРМ. 

Прочитајте го „Монологот на Хамлет”, чин III сцена 1, во препев на Ацо Шопов.

Избор од критиките: