Волк и мачор

Од шумата волкот бега в село,
не на гости, a живот да спаси,
го бркаат за ајдучко дело,
па не знае каде да ce скраси.

Страв и ужас во срце му светна,
но мачорот Василко го сретна:
„Васко, брате, благословен да си
ce дружиме веќе многу лета,
кој селанец, кажи, ќе ме спаси
од овчари и нивните псета?“
– Многу лесно, оди кај Нове!
– He, не можам јас му грабнав овен!
– Тогаш појди да те скрие Мите,
по добрина го познаваат сите.
– He, тој стара сметка ќе ми бара –
за два јарца со него сум скаран…

Иван Крилов, Басни, Скопје: Кочо Рацин, 1953, во препев на Ацо Шопов