Ацо Шопов: Океанот е мал, човекот е голем, 1977

Aco Šopov : L’océan est petit, l’homme immense, 1977. Édité par Georgi Stardelov„Во што е големината на човекот, зошто е човекот огромен, а океанот мал, кога ништо не е постојано на светов, кога сѐ завршува на еден неизменлив начин – со и во небиднина?”, прашува Георги Старделов во предговорот на ова блиофилско издание од поезијата на Шопов, пред да прецизира: „И токму во ова фундаментално прашање се кристализира оригиналноста на поетскиот концепт на Ацо Шопов како примордијално егзистенцијален концепт. Небиднината за него не зборува само за човечкиот трагизам, туку и за човечката возвишеност, за неговиот фаустовски и прометејски хероизам. Поради тоа, неговиот поетски трагизам, како чувствување на светот, е активистички, пркосувачки, т.е. виталистички заснован. Зашто, само човекот остава трајна, непоминлива трага”.

А потоа заклучува: „Големата хуманистичка порака на поезијата и на поетското искуство на Ацо Шопов, која е лајтмотив на целокупниот негов поетски свет од „Очи“ и „Љубов“ до Небиднина, Гледач во пепелта и Песна на црната жена, е токму во тоа што ништо до што се допрел човекот, дека ништо од она на кое е втисната неговата, човечката трага не пропаѓа во ништожност, дека човекот трае длабоко и толку трајно во иднината колку што во неа трае, по него, неговото сопствено дело”. 

Прочитајте го интегралниот предговор  изданиете претставено во Центарот за култура и информации на град Скопје во 1977 година.