Ацо Шопов: Избор, 1968Ацо Шопов: Избор, Скопје, Македонска книга, 1968

„Пред секое уметничко дело”, пишува македонскиот литературен критичар Георги Старделов во предговорот на овој негов избор од поезијата на Шопов, „секогаш стои една единствена дилема: дали тоа станало само историско-музјски реликт или пак останало такво вечно живо дело кое на најразличните и на меѓусебно противречните времиња ќе е способно и ќе е моќно да им зборува на луѓето за нивните секогаш загадочни спознанија, мечти и стремежи. Да се надмине таа неумолива поминливост на времето што сè влече кои еден историски неврат, да се остане во него, да се надмине строго националниот призвук и да се биде како неизгаслив зрак без кој да е незамисливо нашето денешно патување низ времето и на времето низ нас – тоа им е дадено само на оие ретки, само на оние исклучителни стручњаци за човекот, за ноките страсти и за неговите секогаш нови чувства и чувствувања, меѓу кои, секако спаѓа и Ацо Шопов.” (прочитајте го интегралниот текст)

Изборот почнува со песната „Очи”, единствен пример од револуционерната поезија на Шопов, и содржи песни од Слеј се со тишината, Ветрот носи убаво време и Небиднина. Поглавјето насловено „Ноќта на огнот”, содржи 10 песни првпат објавени во изборот од 1966 година под наслов Раѓање на зборот, што ќе станат интегрален дел на збирката Гледач во пепелта, објавена во 1970 година.

Содржина

Слеј се со тшината
Убавината
Во тишина
Промената
Ax таа убавина
Младост
Го барам својот глас
Кон галебот што кружи над мојата глава
Ноќта
Лист
Штрк
Облак
На езеро
Лов на езеро
Обична улица

Ветрот носи убаво време
Praeludium
Бела тага на изворот
Утеха
Улица
Добра ноќ
Илузија
Сосем налик на сите брегови
Љубов
Песна
Допри се полека до моето рамо
Раката негова
Завист
Кажи ми небо
Во секој град
Будење
Добро утро летање
Треба да бидеме подобри
Ветрот носи убаво време 

Небиднина
Раѓање на зборот
Молитва за еден обичен но уште непронајден збор
Втора молитва на моето тело
Трета молитва на моето тело
Четврта молитва на моето тело
Петта молитва на моето тело
Шеста молитва на моето тело
Седма молитва на моето тело
Осма молитва на моето тело – или кој ќе ја смисли таа љубов
Деветта молитва на моето тело
Десетта молитва на моето тело
Последна молитва на моето тело
Старо купувам
Романтично бегство
Лузна
Долго живеам на ова место
Има долу една крв
Квечерина
Очај пред тврдината
Небиднина
Песната и годините

Ноќта на огнот
Грозомор
Тажачка од онаа страна на животот
Август
Повлекување на огнот
Златен круг на времето
Езеро
Љубовта на огнот
Ноќта на огнот
Езеро крај манастирот
Ноќ над езерото крај манастирот