This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Aco Šopov: Dugo dolaženje ognja. Izabrane pesme (Долго доаѓање на огнот. Избрани песни)

Dugo dolaženje ognja. Izabrane pesme. Превод Сретен Перовић, Београд: Рад, 1977. 105 стр.Избор Тодор Чаловски. Препев и поговор Сретен Перовиќ, Белград: Рад (Реч и мисао) 1977, 105 стр.

„Овој храбар војник на лирската искреност, како што го нарекува Митрев (тврдејќи дека Шопов со своето дело го потврди старото правило на лириката: ако не ја кажеш вистината за себе, не ќе ја кажеш ниту за другите!), во таа привидна антиномија ја наоѓа онаа глобална одредница за своите долги и трајни патувања од една до друга небиднина”, пишува во поговорот на оваа книга препејувачот Сретен Перовиќ. „Трагајќи по соговорникот во најинтимните човечки региони, уште од самиот почеток поетот верува во можноста на вистинската комуникација меѓу себе и живата и сложена реалност која го опколува. Патува, како огнено виножито се наднесува над овој свет, им пркоси на разочарувањата, со страдањата на домот и на татковината себеси се изедначува, се бори со ограничената моќ на зборот, зборува за привидноста на траењето и за трајноста на привидот. Така, Ацо Шопов создава дело со трајни вредности. Така − нoќ и ден. Активист и мечтател, патник и мудар гледач во пепелта. Верен на убавината и на белата тага на изворот, приврзаник на огнот, искушеник на болката − човек.”

Книгата содржи избор од поезијата на Шопов од 1944 до 1976 година. Објавена е во 20.000 примероци. Содржината се наоѓа во српската верзија на оваа страница.