ДЕЛО 74

Два месеци по смртта на Ацо Шопов, на 20 април 1982 година, ова „списание за самоуправна теорија и пракса, општествено-политичко прашања, уметност, наука и култура”, со седиште во неговиот роден град Штип, го посвети својот летен број (јули-август) на ликот и творештвото на македонскиот поет.

Содржина

Физур Демир: Ацо Шопов – роден и животно обусловен да биде македонски револуционерен поет

Христо Кртевски: Две судбински бои во поезијата на Ацо Шопов

Александар К. Нејман: Делото на Ацо Шопов во спектарот на југословенската критика (Фрагменти од Димитар Митрев: На показ богат лиризам, Полнокрвен почеток на нашата интима; од Душко Наневски: Молитвите – продуховена апотеоза на љубовта, Небиднина – синоним на македонската судбина, Ново сфаќање на творечкиот чин; од Петар Ширилов: Вонредно сугестивен, мобилизаторски и ексклузивен поетски манифест, Откривач на метафориката…, Единствена, автентична и неповторлива поетика; од Миливоје Ј. Јовановиќ: Модерна поетика и поетска космогонија; од Душан Матиќ и Десанка Максимовиќ: Една од најпривлечните фигури во македонската поезија; од Милан Ѓурчинов: Повеќезначноста на поетскиот изказ, Прегнантно и модерно заснован рефлексивен лиризам); од Гане Тодоровски: Поетско-филозофски супстрат на автоpoвoтo поетско искуство

Алдо Климан: Пролетта на Ацо Шопов

Тамара Арсовска: Една средба со поетот Ацо Шопов

Алдо Климан: Мојот збор е тврда вилица на времето, интервју со Ацо Шопов

Александар К. Нејман: Пораки до поетот од неговите собраќа по перото (Јеврем Брковиќ, Михаил Ренџов, Изет Сарајлиќ)

Александар К. Нејман: Странски искажувања за делото на Ацо Шопов