Ацо Шопов: Беседа за Леополд Седар Сенгор, 1975*

Сенгор израснува во Дијали, што ќе реќе трубадур и поет на еден народ и една цивилизација, кој не е опседнат само со вредностите на таа цивилизација и со стремежот тие да се обноват. За него сегашноста и иднината на светската цивилизација претставуваат длабок интимен творечки немир. Како да се интегрираат вредностите на секој народ во цивилизацијата на човештвото и каква ќе биде таа утрешна цивилизација — тоа се прашања што го мачат и обеспокојуваат Сенгор и го чекаат поетскиот одговор на големиот Дијали.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.
_________________
* Беседата изречена во црквата Света Софија во Охрид, по повод доделувањето на Златиот венец на Струшките вечери на поезијата на сенегалскиот поет и тогашен претседател на Сенегал, Леополд Седар Сенгор. Верзија од овој текст е објавена како предговор на книгата  Поезија, од Леополд Седар Сенгор, Скопје, Нова Македонија, 1975.

Машинописот на текстот се наоѓа во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ, АШ К3 АЕ61.

Други разговори и статии на Ацо Шопов