Чист и спонтан лиричар
„Избегнувајќи ги епигонските повторувања и декларативното приврзување кон одделни литературни школи и поетски групи, Шопов изгради свој сопствен пат во поезијата, остварувајќи ја постепено својата човечка и поетска мисија: да се открие себеси до крај. Чист и спонтан лиричар, со посебен афинитет кон човечките немири и неспокојства, Шопов денес создава своја лична, сензибилна лирика“.
Со овие зборови е дефиниран нашиот поет во вториот том на Поезија и критика од Слободан Филимановиќ и Недељко Мијушковиќ, објавен бо Белград, Нова кљига, 1975 година.
Автори на портретот на Шопов се Д. Стефановиќ и В. Станисављевиќ.
Прочитајте го интегралниот текст на српскохрватски.