Умри и стани

Некои толкувачи ја сведуваат небиднината на слика која е во знакот на небитието, но таа всушност го означува искачувањето од небитието во битието.

Кога во песната „Убавината“, Ацо Шопов воскликнува „изгаснувам во грч и умирање / и се враќам в живот како песна“, тој како да му возвраќа на гетеовскиот апел „Умри и стани!“

Така, вообличувајќи ја пораката „Умри“, поимот „небиднина“ истовремено ја искажува наредбата „Стани!“ Или, како што би рекол самиот поет, оваа слика го инспирира човекот да ги запали искрите на прометејскиот и хераклитанскиот оган под пепелта на ништожноста.

Оваа парафраза изразува една од водечките поенти на освртот на српскиот книжевен критичар Радојица Таутовиќ кон поезијата на Ацо Шопов, објавен во Борба, на 28.8.1982, по повод смртта на македоннскиот поет.

Радојица Таутовиќ (1923-1998), српски литературен критичар

Прочитајте го интегралниот текст на српскхрватски.

Други огледи и толкувања на творештвото на Ацо Шопов.