This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian
Стаклено-ладна поезија *
Милан Ѓурчинов
Поминаа неколку години од објавувањето на последната стихозбирка на Ацо Шопов, (Стихови за маката и радоста, 1952 година), со која дотогаш најистакнтатиот протагонист на т.н. програмска, естрадна поезија, направи ненадеен и одлучувачки пресврт, повлекувајќи ја, за некое време, речиси целата македонска лирика во водите на нежно-сентименталните инспирации и псевдо-есенински штимунзи. Од тогаш до денес, Ацо Шопов, некогашниот поет на Грамос и на младинските пруги, негува речиси исклучиво една полугласна камерна поезија на мали и интимни теми, обележувајќи на тој начин еден многу субјективен и многу стеснет круг на приватни поетски доживувања.
Прочитајте го интегралниот оригинален текст на српскохрватски јазик.
___________________
* „Ацо Шопов: Слеј се со тишината“, НИН, бр. 273, Београд, 25 март 1956, стр 10.
___________________
Огледи и критики на Милан Ѓурчинов за делото на Ацо Шопов: work in progress
- Поезија зад стаклениот ѕид, Млада литература, 1956; Присутности, 1963
- Ацо Шопов: Слеј се со тишината, НИН, Београд, 1956
- Ацо Шопов: Ветрот носи убаво време, Разгледи, 1958
- Рефлексивна зрелост на интимата, Нова Македонија, 1970; Живо и мртво, 1974
- У наручју света (Во прегратка на светот), Политика, 1976
- Песник нове осећајности, Политика, 1982
- Најубавите песни на Ацо Шопов, in Животот и делото на Ацо Шопов, 2005