This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian
Еден романтичарски поет*
Николај Тимченко
„Вечниот немир на поетот е сведоштво за едно поетско неодобрување на светот и животот околу него и во него, за една поетска природа што е блиска до романтичарскиот концепт, но на која не ѝ се туѓи ни контемплацијата, ни продирањето во просторот ‘од другата страна на животот’“, пишува Николај Тимченко во рецензијата на книгата Предвечерје од Ацо Шопов. „Иако оваа поезија е една од оние кои не ја надминуваат личноста на поетот, туку ја издигнуваат до ранг и значење на космички објект, таа е блиска до современиот сензибилитет пред сè со нејзината насоченост кон потрагата и со постојаниот напор да се фиксираат слики и симболи со кои се изразува не само доживувањето на сопствениот интимен свет туку и одредено критичко дистанцирање од него.”
Прочитајте го оригиналниот текст на српскохрватски јазик, објавен во Књижевност, бр. 10, Београд, 1966, стр. 325 под наслов „Један романтичарски песник“ (Ацо Шопов, Предвечерје, Графички завод, Титoград 1966).