Толкувања на „Небиднина”

Disque simultané, од Роберт Делоне

Поезијата на Ацо Шопов, „како и секоја вистинска естетика, не нуди апсолутни одговори, туку ја довикува, копнее по убавината на животот која може да се насети само во одделни мигови”, рече Анте Поповски во својата беседа по повод отварањето на Спомен-собата на Ацо Шопов во Штип, на 20 април 2001 година, пред да укаже дека „небиднината е негова средишна метафора” и  „дека низ метафората [Шопов] ја дематеријализира човечката судбина и од неа создава сосема поинаква стварност. Тој нè води во еден непознат предел, во една ирационална зона на животот, непристапна на разумот и на свеста.”

За песната „Небиднина”, Ацо Шопов лично се изразувал на многу наврати. Неколку негови изјави:

Во „Небиднина” се обидов да го решам проблемот со отуѓувањето. Отуѓувањето не како апстрактен поим, отуѓувањето не како психолошка категорија, туку она отуѓување кое би било поврзано со оваа почва и овој регион. Притоа, на тоа расположение не сакав, ниту можев да му дадам регионален карактер.  (Дуга, 25.03.1965).

Што е небиднината? Постојат многу, повеќе или помалку успешни преводи на овој збор, но ниеден не успеал да ја изрази неговата суштинска смисла. За мене, овој збор ја изразува сета судба на нашиот народ: неговите вековни  борби и страдања, стремежи и неостварени идеали, љубови и патила. Небиднината е небиднина и, ми се чини, непреводлива. Најприфатливи ми се толкувањата на моите критичари Георги Старделов и Душко Наневски. (Одјек, 1-15.11.1976)

work in progress

За поимот и песната „Небиднина” е пишувано многу. Тука одвојуваме неколку толкувања:

work in progress