This post is also available in: Serbian

Тишината на Ацо Шопов во македонската поезија*

Мирољуб М. Стојановић (1941-2916), МАНУ, 2003

Мирољуб М. Стојановић

Застанувајќи во одбрана на поезијата на Ацо Шопов наспроти критичарите коишто неговото напуштање на соцреалистичката поетика го сведоа на интимничење, најверојатно со желба да ја привлечат милоста на званичната книжевна критика и на нејзиниот патријарх, токму тој, самиот патријарх, Димитар Митрев изрече, чинам ноголу битни и спротиствавени судови  за неа, што тука ќе хги наведеме: „…мотивите се завојуваат како негови длабоко интимни преокупации. Шопов е далеку од еквилибристиката на рутинeрcтвото, далеку – и од онаа емотивност што е повеќе симбол на чувство, отколку – чувство. …Како што е верно дека сретнуваме лирици кои премногу се занимаваат со себеси (…) и ги занимаваат другие само со себе (…) верно е тоа што нашето познанство знае и за такви кои не се занимаваат со ништо и пак се досадни. Не треба да се бара во една поезија она што го нема во неа или она што го има кај другите, а она што е најдобро во неа, најнејзиното“¹.

Подоцна, во текстот Поетското искуство на Ацо Шопов², во една промислена ревалоризација на аргументите на дотогашната критичка мисла за поезијата на Ацо Шопов, Георги Старделов, за разлика од Митрев, којшто повеќе се ослонуваше на интуицијата отколку на аргументацијата, ги утврдува следниве симплификации: сведување на таа поезија само на исповедно транспонирање на поетовата интима, на дескрипција на емоционалното.

Прочитајте го оригиналниот текст на српски.
______________________________

* in Животот и делото на Ацо Шопов.- Скопје: МАНУ, 2005
______________________________

Студии на Мирољуб М. Стојановиќ за творештвото на Ацо Шопов