This post is also available in: Serbian

Поетските модулации на егзистенцијалното во поезијата на Ацо Шопов*

Славољуб Обрадовић, МАНУ, 2003

Славољуб Обрадовиќ

Ацо Шопов, поет на раскошна и богата, прогресивна и човечка, креативна енергија,  никогаш не го гледаше животот во тесен дијапазон.  За него, животот и живеењето се сè што постојано се раѓа и што поседува специфична струја којашто ја проникнува егзистенцијалната суштина на духот и искуството. Станува збор за поет за кој поезијата е своевидно воздигнување и облагородување на страста. Од вијугавите и кривулести вртлози на тишината, од несвесните извори на отаденоста, од работ на очајот и безнадежноста, поетот Ацо Шопов ја одделува вистината од илузиите, свесен за односот помеѓу животот и уметничките илузии меѓу кои мора да стои знак на еднаквост.

Прочитајте го оригиналниот текст на српски.

 

______________________________________

* in Животот и делото на Ацо Шопов.- Скопје: МАНУ, 2005