This post is also available in: French German English Serbian
Небиднина: лирско-филозофска метафора*
Зоран Константиновиќ
„Небиднина”, како метафора, ја содржи онаа противречност поврзана со човечкото постоење што се состои во постојаното проширување на хоризонтите на благородното, убавото и вистинското, а едновремено во сè поголемото оддалечување од истиве хоризонти.
Цивилизираниот човек ги изгубил и постојано ги губи своите оригинални вредности. Ова ни кажува дека вредностите не се постојани, дека ништо не е постојано на овој свет. Прометејската активност на човекот се наоѓа во стегите и, во крајна линија, е совладана од неговата егзистенцијална трагедија. Можеби ваквата содржина на небиднината најмногу се доближува до ставот на францускиот писател и филозоф Ками: во бесмисленоста на постоењето, човекот се докажува со бунт. Во суштина Прометеј е бунтовник. Мотото на Декарт: Cogito ergo sum, сега изменето и гласи: Се побунувам, значи сум. Вистинската историја на човештвото би била, значи, историја на нејзините бунтови и револуции. Но, на крајот на краиштата, човекот со своето постоење не остварува никакво значење, туку само, во најдобар случај, со бунт докажува дека постои. Ако небиднина сака да го изрази ова, тогаш до најадекватниот превод дошол преведувачот на руски јазик, кој се определил за зборот вымысел, сметајќи дека станува збор исклучиво за фантазија која создала сè во отсуство на постоење на стварноста. Но, дали небиднина навистина сака да го изрази тоа такво непостоење?
Прочитајте го интегралниот текст на српски
_______________
* Текстот е објавен под наслов: „Небиднина : прилог проблему уметничког транспоновања једне лирско-филозофске метафоре”, во Прилози МАНУ : Одделение за лингвистика и литературна наука, 1977, ІІ, 1-2, стр. 109-114.