Ацо Шопов: Неискристализирани критериуми*
Сметам дека сѐ уште не е расчистено прашањето за критериумот кои од нашите поети и под кои услови треба да учествуваат на оваа манифестација. Имам впечаток дека ова прашање сѐ уште се решава инцидентно, во зависност од моментните расположенија, врски или афинитети. Потоа, многу малку е сторено странските учесници на Фестивалот да добијат една покомплетна претстава за достигањата на современата македонска поезија и воопшто за македонската литература и култура. Тоа запознавање повеќе или помалку е оставено на случајноста, готовноста или добрата волја на учесниците-домаќини.
Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.
_________________
* Интервјуто е објавено под наслов „Сè уште неискристализирани критериуми” во Вечер, 30.09.1966, стр. 9. Разговорот го водел Ал. Поповски.