This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Да бидеш и да останеш верен на себеси*

Дали македонскиот пишуван збор, а особено поезијата, во изминатиот четврт век одеше рака под рака со афирмацијата на македонската нација на други полиња?

Мислам дека да. Препречувана и оспорувана со години, македонската литературна традиција доживеа процут со создавањето на републиката. Некогаш задушените духовни сили се ослободија и се раскрилија. Дваесет и пет години од животот на еден народ можеби не е толку долг период, но претставува важно поглавје доколку се користи креативно. Успехот е особено евидентен на полето на поезијата. Започнавме со ентузијазам и ги поминавме сите фази на развој на македонскиот пишуван збор. Мислам дека македонската поезија се вивна кон завидни височини, а знаеме дека по војната беше речиси потполно анонимна. Се знаеше само Коста Рацин. А денес неа ја претставуваат неколку големи поети и голем број поети во развој. Сè поголемо внимание не само југословенската туку и светската јавност ѝ посветуваат на македонската поезија. Антологии на нашата поезија сè почесто се печатат во посебни изданија во повеќе градови. Неодамна во Будимпешта, деновиве во Прага итн.

Да се вратиме на Вашата поезија. Би рекол дека сте останал верен на вашите први поетски љубови, на Вашето прво поетско искуство. Се препознавате себеси во секоја песна. Дали оваа „верност“ го осиромашува изразот и мотивите? Дали тоа го исклучува истражувањето, експериментирањето?

Верувам дека без потрага, без креативно лутање, нема поезија. Поетот би исчезннал во моментот кога би престанал да трага. Меѓутоа, според мое длабоко убедување, потрагата претпоставува верност кон самиот себе, бидејќи таа мора да доаѓа од длабочините на поетските побуди. Не смее да има поведувавање по некои книшки примери ниту пак трагање по секоја цена. Поетот треба да се препознае, или барем да се насети во секоја книга, во секоја песна. Дури и во секој стих. И кога станува збор за почетната, наивна фаза на создавање, и во најзрелотo доба.

Прочитајте го разговорот во целост, на српскохрватски.
__________________
* Инсерт од интервју со Миодраг Павловиќ, објавено во Рад (Босна и Херцеговина), на 25.07.1969, стр. 10.

Други разговори и статии на Ацо Шопов