Ацо Шопов: Како и зошто почнав да пишувам сатирична поезија?*
Бездруго, ние немаме развиена сатирична-хумористична литература. Зошто е тоа така? Причините можат да се побараат во нашиот своевиден комодитет, во напластеното сало на нашето спокојство и нечувствителност кога се работи за другите, во пречувствителноста кога сме ние во прашање, во недостигот на готовност да се видиме самите себеси во искривено огледало, да се потсмевнеме на себеси и на нашите општествени и приватни мани.
Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.
_______________
* Интервјуто е објавено под наслов „Сатирични стихови Јус-универзум”, во Вечер, на 03.12.1967, стр 9. Разговорот го водел Ал. Поповски. Автографот и машинописот со одговорите се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ K3 АЕ83. Машинописот со прашањата е во следнава архивска единица: АШ К8 АЕ 162 (со автографски поправки на Ацо Шопов).
_______________
За сатиричната поезија на Шопов, прочитајте ги исто така:
- кратката рецензија на Друговац за збирката Јус-универзум, објавена во Современост, 1969, XIX, 10;
- кратката рецензија на Сретен Перовиќ, објавена во Стварање, 1969, XXIV, 4;
- статијата Остер сатиричен збор на Друговац, објавена во Вечер, 04.01.1969;
- прегледот на песните во збирката Јус-универзум од Васил Тоциновски, објавен под наслов „Сатиричната поезија на Ацо Шопов” во Творештвото на Ацо Шопов, 1993;
- освртот на Ефтим Проевски, Тивкиот лирски музаичар, објавен во Остен, на 18.12.1993, стр. 4
_______________