This post is also available in: Serbian

Ацо Шопов: Песната е свест за постојано менливата стварност*

Поетот е истражувач. Но, истражувач од посебен вид. Тој трага по она што го нема, што не постои во природниот ред на нештата, откривајќи ја нивната длабока и трајна смисла. Песната постои затоа што не постои во тој ред. Инаку, би била гол факт кој нема никаква уметничка вредност.

Смислата на поетската определба и поетското постоење ја гледам во откривањето на оние внатрешни суштини кои, благодарение на имагинацијата на поетот и во неговата поетска лабораторија, прераснуваат во едно интегрално естетско искуство. Иако поезијата не е морализирање и проповед со морални категории, таа претставува многу јасен и активен однос, став; таа е свест и совест на поетот и на неговото време. Но, без естетско искуство нема поезија. А тоа значи дека сè во неа е подредено на тоа искуство и дека севкупноста на тоа искуство не смее ништо да ја наруши, дури ни некои „повисоки“ етички принципи.

Поминав низ многу фази на трагање, на животно и поетско искуство, и сфатив дека најдалеку стигнале оние што се придржувале до старата мудрост дека смислата на постоењето е во создавањето и континуитетот, а не во задоволувањето на деструктивниот нагон.

Прочитајте го целосното интервју на српскохрватски.
__________________
* Извадок од разговорот со Миодраг Друговац објавен во Књижевне новине, Белград, 15.08.1970, стр. 12.

Други разговори и статии на Ацо Шопов