This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов за меѓусебниот превод на југословенските литератури*

„Најидеално би било кога секој наш читател, каде и да се наоѓа, во Сежана или Гевгелија, Суботица или Цетиње, би можел да го следи развојот на југословенската литература на јазикот на кој е создадена, кога за него не би постоеле често непремостливи тешкотии, особено кога се работи за дела на словенечки или македонски литературен јазик”, забележува Ацо Шопов, во овој текст напишан на српскохрватски за белградскиот весник Политика. „Тие тешкотии се уште поголеми кога се работи за дела напишани на јазиците на националните малцинства”, продолжува тој пред да заклучи дека „секое книжевно дело што носи во себе несомнена вредност не смее незаслужено да остане во границите на оној книжевен јазик во чие подрачје било создадено. Во склад со квантитативниот и квалитативниот пораст на книжевната продукција, потребно е да се издвојат и преведуваат оние дела што го прошируваат и збогатуваат општојугословенскиот книжевен фонд”.

Прочитајте го оригиналниот текст во целост, на српскохрватски јазик.

_________________
* Превод на текст објавен на српскохрватски, под наслов „Шта да преводимо“ во белградскиот весник Политика, 01.05.1960, стр. 2. Оригиналниот машинопис се наоѓа во Фондот Ацо Шопов, во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ91.

Други разговори и статии на Ацо Шопов