Фрагмент од Автограф за Киевскиот универзитет во Московскиот дневник

Фрагмент од Автограф за Киевскиот универзитет во Московскиот дневник

6 јули 1945 година

Просто не ни се веруваше, кога ни соопштиа оти овоа сабајле ке тргниме за Совјетскиот Сојуз, − толку се изначекафме по тие визи и авионот.

Со леки коли и камион се раз[j]уруваме низ оште сонливите улици на Белград, се спуштаме накај полуразрушената станција и избиваме на земунскиот мост.

Разноразни осећања не обфакјат ова сабајле. Интересувањето се помешува со далбоката почит према таја земја која во оваја крвава војна најмногу пострада, најмногу жртви поднесе, но на своите плешки ја изнесе победата над фашиска Германија и ослободувањето на поробена Европа од нејниот јарем. И ние [ce] не сакајки прашафме: каквa [е] таја див-земја, какви са [т]ие советски луге кои са [п]ојаки и од најопасното [и] [нај]убоито современо оружје? [K]аков е тој морал кој ги [к]репеше и во најтешки[т]е моменти како во по[бе]доносниот јуриш?

На земунскиот аеродром [н]е чека огромниот совјет[с]ки авион. Сите сме не[об]ично многу расположени и [р]адосни.

work in progress

Белешка од редакцијата на Литературен збор потпишана од Атанас Вангелов:
Извадокот од „Московскиот дневник” на поетот Ацо Шопов што го печати во овој број Литературен збор е отстапен од неговиот син, поетот Владимир Шопов.

Ацо Шопов патува за Советскиот Сојуз како член на делегацијата на УСАОЈ, предводена од Славко Комар, а покрај него, од Македонија се наоѓа уште и другарката Фана Кочовска. За овие подробности исто така известува неговиот син, поетот Владимир Шопов, за што искрено му благодариме, како и за готовноста да отстапи фотокопија на извадокот од Дневникот, кој се печати за првпат.

Во печатениот текст не се вршени никакви интервенции, а нечитливите делови се даваат во аглести загради.

________________
* Извадок од „Московскиот двевник” објавен во Литературен збор, бр 3, 1983 година, стр. 7-8. Прочитајте ја исто така статијата „Москва: впечатленија од јули−август 1945 година”, објавена во Нова Македонија, 07.09.1947, стр. 1.