This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Современата македонска литература*

На почетокот беа зборовите. Неподатливи, опори, недостапни. Зборовите постепено почнаа да сјајат со магичната моќ на уметноста. На белото поле на трпението и визијата се нижеа необични светови. Колку повеќе се чинеа далечни, толку повеќе се доближуваа до вистинскиот живот. Помина времето на благонаклонетите тапкања по рамо, на миленичките симпатии, времето на исчекувањата. Пред нас стои сериозна една литература озбилна и нова, млада и привлечна, но и наслонета на делата на старите македонски мајстори на уметничкиот збор, на големите народни поети и раскажувачи. Литература која сè повеќе се вклопува во нашите југословенски книжевни стремежи, носејќи го здивот на почвата на која се родила и бојата на нејзиното небо.

[…]

А литературата е тука. Озбилна и нова, млада и привлечна. Не ѝ се потребни благонаклонети тапкања по рамо и миленички симпатии.

Имаш збор, драг читателу.

Прочитајте ја оригиналната статија на хрватскосрпски
___________________
* Превод од хрватскосрпски на машинопис од Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ48. Според содржината на текстот, се претпоставува дека се работи за вовед во избор од македонската поезија што е најверојатно објавен во списанието  Tribina, по Третиот југословенски фестивал на поезијата, одржан во Охрид, летото 1959 година. Тогашниот уредник на Tribina бил хрватскиот писател, и голем пријател на Шопов, Славко Михаљиќ.