This post is also available in: Serbian
Ацо Шопов: Надежи и очекувања*
Пред почетокот на Конгресот на писателите на Југославија
Претстојниот Конгрес на писателите, рече Шопов, го очекуваат сите со голем интерес и надеж: и писателите и работниците од нашата самоуправна социјалистичка заедница. Во последните триесет години, југословенскиот литературен збор доживеа големи подеми и достигна неслутени дoмети, помина низ многу неизбежни искушенија и заблуди и успеа да му ги отвори патиштата на современиот уметнички сензибилитет и современата визија за светот. И покрај ваквиот развој на југословенскиот книжевен збор, организацијата на писателите не само што не успеа да ги следи неговите линии, туку и западна во тешки кризни ситуации што го попречуваа неговиот потполн замав и неговата афирмација. Конгресот треба да го означи крајот на тој долг и мачен период на животарење на писателската организација, да го одреди нејзиното место и да ја дефинира нејзината важност и улога во нашето современо општество. […]
Иако не верувам во магичната моќ на собирите, со право се очекува претстојниот Конгрес на писателите да ги испита и значително да придонесе за разгледување на можностите за подобрување на самоуправната положба на писателите. Оваа самоуправна положба подразбира побрза афирмација на сите вредности кои според општото јавно уверување и проценка го заслужуваат тој епитет, како и најширока можна комуникација во сите јазични медиуми и национални средини ширум нашата земја. […]
Прочитајте го оригиналното интервју на српскохрватски јазик
____________________________
* Превод од српскохрватски (work in progress) на разговорот што го водел Ј. Поповски, објавен во Политика, на 30.09.1975, стр. 12.