This post is also available in: Serbian
Ацо Шопов: Македонската култура во југословенската култура*
Ова прашање го содржи во себе односот на словеначката, односно спрската, осносно хрватската култура кон југословенската култура, како и односот на југословенската култура кон поединечните национални култури на нашите народи.
Но, зарем не се случува често како југословенски вредности да се подментуваат многу книжевни недоносчиња и зад етикетите на југословенската култура да ѕирка перчето на неизживеаното минато?
До југословенството не се стигнува секогаш по широки автопатишта […] Постојат многу други, би рекол невидливи патишта.Успеавме ли да осознаеме кои се?
Она што југословенската литература ја прави југословенска, што ја обединува, најмалку може да биде јазикот. Тоа е нејзината општочовечка смисла, тоа се идеите со кои таа е надоена, како и творечката постапка во креирањето на светот на уметноста.
Затоа, сосем е индиферентно на кој југословенски меридијан се создаваат определени вредости. Да не го забораваме [Фокнеровиот] град Џеферсон, којшто не постои, а во кој се одиграле најтрогателните драми на човекот на нашата денешнина. Посакувам да има што повеќе наши Џеферсони во југословенската литература.
Мислите ли дека литературата може било што да стори во светот?
Не сметам дека поезијата е само игра со убавината поради убавината и играта. Тоа е игра со убавината во име на човечката убавина, бидејќи таа и не постои вон човекот.
________________
* Превод од срскохрватски на машинопис сo автографски дополнувања од Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ89. Одговори на Ацо Шопов на прашања од медиум. Прашањата, медиумот и датумот на објавување не се познати. Превод: Јасмина Шопова