Поетскиот јазик на Ацо Шопов
„Спознавањето на вистината носи радост или горчина, најчесто горчина. Кај Ацо Шопов, наѕирањето на вистинските патишта на поезијата го доведуваше, всушност, до повлекување во себе, а со тоа и до ослободување од заблудите дека сопствената личност може да се потисне во поетската трансформација на времето и животот. Опипливото или неопипливото присуство на историските компоненти, кои во својата повеќедимензионалност се повеќе или помалку изразени во битието на поетот, се преобразува во поетска претстава која со својата многузначност ги надвишува временските граници како историски одредници. Со својата сеопфатност, таа овозможува актуелизирање на појавите, поттикнувајќи го така човекот да се препознае себеси, да ги препознае другите, да го почувствува својот момент или својата мака, да здивне или грчовито да се втренчи за да го сочека и да го издржи она што доаѓа и во него да го насети напредокот.“
Слободан Ж. Марковиќ (1928-2015) Српски историчар на книжевноста
Оваа потрага по корените на многузначноста на поетскиот збор во поезијата на Ацо Шопов се наоѓа во студијата на Слободан Ж.Марковиќ споделена на Тринаесеттите Рацинови средби, во Титов Велес, во 1976 година.
Прочитајте го интегралниот текст на српскохрватски.