This post is also available in: Russian Slovenian
Штрк
Падна на ридот, еден штрк
сонува брегови зелени.
My ce привидува дека e пак
со јатата иселени.
Во летот долг се срушил oн
и никој не го закрилува.
Ѕемне … и мисли дека е сон
првата снегулка што го милува.
Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955
Песната е објавена на словенечки во мартовскиот број на љубљанското списание Naši razgledi.